Дерик Луис требаше да се бори со Сергеј Спивак во ноември, но го откажа настапот поради здравствени проблеми.
Американскиот борец се чувствуваше лошо, па се повлече од мечот на настанот УФЦ Фајт најт 215. Промоцијата договори меч меѓу Луис и Спивак за 4 февруари во Лас Вегас.
Црниот ѕвер ќе се обиде да се врати со победа на настанот УФЦ Фајт најт 218 по двата порази во низа минатата година (Таи Туиваса и Сергеј Павлович).
Американецот напорно се подготвува за следната борба, што го потврдуваат и снимките од тренингот, а посебно внимание привлече фотографијата на која Луис трча, а на која се гледа дека многу ослабел и сега изгледа одлично.
Фотографијата ја направи фитнес тренерот на Дерик…
Is it me or did Lewis lose a lot of weight 🫣 pic.twitter.com/CiCqPqptDv
— MarioMMA (@yomamabasment) January 6, 2023