Дерик Луис сака реванш со Нгану

Дерик Луис сака втора шанса да се бори со Фрeнсис Нагану. Двaјцата тешкаши се бореа во 2018 година и сите очекуваа силна битка и брутален нокаут. За жал, тоа не се случи, судијата мораше неколку пати да ги предупреди дека треба да бидат активни. Нгану и Луис не направија ништо во кафезот и нивната средба е една од најздодевните во историјата на УФЦ.

Тие станаа предмет на сериозни критики и нивното ривалство никогаш не беше решено. 36-годишниот Американец е во серија од четири последователни победи, а на крајот на минатиот месец ги нокаутира Блејдс. На крајот на март, Нгану ќе се бори за титулата со Стипе Миочиќ. Луис ќе гледа со интерес и ќе очекува реванш меѓу него и Нгану.

„Да, мора да има реванш со Френсис Нгану. Треба да добијам уште една шанса против него. Сакам да се борам со него на мојата следна средба. Сакам да бидам активен во кафезот. Не сакам да чекам никого, затоа што повеќе не сум млад. Не сакам да чекам титула или одреден противник.

Сакам да се борам против секој што е подготвен. Знам дека ми истекува времето за правење пари. Немам многу време да заработам пари и не сакам да одложувам.

Не знам како УФЦ сака да го изгради ова момче Сирил Гане. Луѓето почнаа да ме споменуваат во публикациите за неговата битка со Розенструик. Луѓето велат дека таа борба небила полоша од онаа што ја имавме јас и Нгану“, вели Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО