Дерик Луис сака да остане во УФЦ: Сакам уште еднаш да се обидам да стигнам до титулата

Минатиов викенд на УФЦ 291 во Солт Лејк Сити, Дерик Луис го победи Маркос Рожери де Лима и потврди зошто е најголемиот нокаутер во историјата на организацијата.

Имено, на американскиот борец му беа потребни само 33 секунди за да го нокаутира Бразилецот. Со таа победа Црниот ѕвер ја прекина серијата од три порази во низа.

Имаше и несекојдневна прослава напобедата, покрај традиционалниот начин, Луис направи неочекуван потег, соблекувајќи ги шорцевите, по што и отпоздравуваше на публиката само во долна облека.

По мечот на пресот откри дека тоа е неговата последна борба во УФЦ според стариот договор и се надева дека ќе ја продолжи соработката со најголемата светска ММА организација.

„Сакам да останам во УФЦ, ми се допаѓа тука. Овде се е во ред, освен новинарите. Следно прашање“, рече 38-годишниот Дерик Луис и продолжи.

„Сакам уште еднаш да се обидам да стигнам до титулата. Бев ужасно лут што загубив од некои борци. И затоа сакав да продолжам да тренирам, па сега многу луѓе ме нарекуваат така, ми се допаѓа. Последниот што ме прозва беше Картис Блејдс и знаете како помина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON