Дерик Луис потежок 8 килограми од Сирил Гане за УФЦ 265 (ВИДЕО)

Помина мерењето за УФЦ 265 што ќе започне за 24 часа во Хјустон, Тексас. Главната битка е за привремената титула во тешка категорија.

Дерик Луис ќе се бори пред домашната публика со непоразената ѕвезда Сирил Гане. Луис тежеше 119,97 килограми, а Гане беше 8 килограми полесен и тежеше 112,03 кг.

Во коглавната битка легендата Хозе Алдо ќе се бори со Педро Муњоз во петел категоријата. Алдо тежеше 61,68 килограми, а Муњоз 61,23 килограми.

Кејп Манел потфрли на вагата и беше потежок од Озборн. Нивната битка останува на борбената карта, а Кејп ќе се раздели со 20 отсто од неговиот хонорар во корист на противникот.

Мерење:

Главна карта
Дерик Луис (264,5 / 119,97 кг.) – Сирил Гане (247 / 112,03 кг.)
Хозе Алдо (136 / 61,68 кг.) – Педро Муњоз (135 / 61,23 кг.)
Мајкл Киеза (170,5 / 77,33 кг.) – Висенте Луке (170 / 77,11 кг.)
Теција Торес (115 / 52,16 кг.) – Ангела Хил (115 / 52,16 кг.)
Песна Јадонг (135,5 / 61,46 кг.) – Кејси Кени (136 / 61,68 кг.)

Прелиминарни
Боби Грин (156) – Рафаел Физиев (155,5)
Винс Моралес (136) – Драко Родригез (136)
Алонзо Менифилд (204,5) – Ед Херман (205,5)
Каролина Ковалкиевич (115) – Џесика Пене (116)
Манел Капе (129) * – Ода Озборн (125)
Мајлс Џонс (136) – Андерсон дош Сантос (135,5)
Викторија Леонардо (125) – Мелиса Гото (124)
Џони Муњоз (135,5) – Џејми Симонс (136)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON