Дерик Луис планира нокаут против досадниот Сирил Гане (ВИДЕО)

Дерик Луис викендов влегува во кафез со опасниот Сирил Гане на УФЦ 265 во Хјустон, Тексас. Тие ќе се борар за привремена титула во тешка категорија. Не е изненадување што Луис повторно е голем аутсајдер.

Луис има 12 победи со нокаут во УФЦ и нов успех со нокаут над Гане ќе го направи борец со најмногу нокаути во историјата на организацијата. Дерик е во серија од 4 последователни победи, од кои последните две се со нокаут.

Тој беше и голем аутсајдер на почетокот на годината против Картис Блејдс, но сепак го нокаутира и освои бонус. Сега има нова шанса за титулата и ќе се обиде да ја освои пред домашните фанови.

„Верувам дека салата полна со фанови многу ќе ми помогне. Гане е техничар и тоа е добро за него. Не ја следам неговата кариера, но е добар борец. Трчав повеќе за оваа битка. Не е важно да имате кардио вежби пет рунди, туку да бидете возбудливи во овие рунди. Гане е здодевен борец кој сака да удира и такви работи.

Сакам возбудлива битка во мојот град. Сакам да биде возбудливо, без разлика дали победувам, губам или е нерешено. Се надевам дека силно ќе притисне за да постигне контра-удари. Мислам дека ќе се потпре на многу удари. Верувам дека имаме одличен план за него.

Не е важно кога ќе се борам со Френсис Нгану ако победам викендов. Сакам да биде на крајот на годината, но ако тоа не се случи, тогаш нема проблем. Сакам да се борам во Камерун со Нгану, не повторно во Тексас. Има многу напнатост во битката на твоја територија.

Гане е опасен борец и не можам да дозволам свирежите од навивачите да влијаат врз мене. Не сакам да направам глупава грешка. Сирил е активен напаѓач и најверојатно ќе води битка на поени. Претпочитам да ги мерам ударите и да не се замарам. Планирам нокаут“, рече Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО