Дерик Луис не ја гледал борбата за титулата: Не сакам да плаќам за Френсис Нгану од свој џеб!

Дерик Луис многу брзо се опорави од поразот против Сирил Гане, а во последниот настап во декември минатата година го победи Крис Даукаус со нокаут во првата рунда.

Црниот ѕвер овој викенд повторно влегува во арената, ќе се бори со Австралиецот Таи Туиваса на УФЦ 271.

Настанот во Хјустон го предводи пресметка за шампион во средна категорија меѓу Израел Адесања и Роберт Витакер.

Луис неодамна беше прашан дали ја гледал пресметката за титулата во тешка категорија во која Френсис Нгану го победи Сирил Гане.

„Не ја гледав таа борба. Не сакам да плаќам за Френсис Нгану од свој џеб, а камоли за неговите ППГ борби“, изјави Дерик Луис, додавајќи:

„Се обидов да најдам „стрим“, но постојано го исклучуваа“.

Дана Вајт минатата година најави дека УФЦ жестоко ќе се бори против нелегалните преноси на настани на ППГ. Се чини дека тие се многу успешни во тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО