Дерек Чисора: Нема да покажам милост во војната со Усик (ВИДЕО)

Дерек Чисора планира да му ги истера ангелите на поранешниот неприкосновен шампион во полутешка категорија Александар Усик. Нивниот меч е закажан за 31 октомври во тешка категорија во Лондон. Мечот е од голема важност за Чисора, кој може да освои шанса да се бори за титулата доколку му го нанесе првиот пораз на Усик. За непоразениот Усик, средбата е исто така многу важна и ќе добие прилика да се бори за појасот.

36-годишниот Чисора има златна шанса пред себе и планира максимално да ја искористи. Дерек е во серија од три последователни победи и за Мечрум бокс изјави дека нема да покаже милост:

„На 31 октомври ќе му ги истерам ангелите (по наше да брои ѕвезди или да си ги види сите роднини) на Александар Усик. Ќе биде војна. Тој е добар борец и овдешната публика го сакаат. Нема омраза меѓу нас и сè е само од љубов кон спортот. Тој сака да се најде на врвот на синџирот на одбранта и треба да види како е боксот во тешка категорија.

Ќе биде тешка битка и за двајцата. Нема да ве лажам и ќе признаам дека ќе биде здрава борба. Ќе ја гризнам гумата и ќе дозволам Бог да завладее. Во моментов, луѓето страдаат и ќе им направам забава да ги заборават проблемите. Ќе барам можност да го уништам, без милост. Ова е целта“, изјави Чисора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО