Дионтеј Вајлдер се уште не може да го поднесе Тајсон Фјури: Тој е измамник

Поранешниот светски шампион во бокс Дионтеј Вајлдер триумфално се врати во рингот. Тој во октомври минатата година го победи Роберт Хелениус со нокаут во првата рунда и најави големи планови.

Бронзениот бомбардер бараше меч против Енди Руиз, па се интересираше за пресметка со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, а желбата за четврта борба ја покажа и против Тајсон Фјури.

Во февруари 2020 година Вајлдер го загуби шампионскиот појас на ВБЦ против Кралот на Ромите, како и во реваншот 20 месеци подоцна. Нивниот прв меч во декември 2018 година заврши нерешено.

Единствените два порази во кариерата, двата против Фјури, и денеска се многу болни за Вајлдер.

Во февруари Томи Фјури и Џејк Пол боксираа, а Дионтеј и Тајсон разменија пријателски поздрави пред настанот.

„Тогаш се збогував со Фјури. Има места и времиња за одредени работи. Не можам да го поднесам, бидејќи тој е измамник и знам многу за него“, изјави Деонтеј Вајлдер, додавајќи:

„Луѓето знаат многу и не можат да бидат измамени. Тоа беше примирје. Не се сакаме, но можеме да бидеме на исто место во исто време. Поинаку би било кога би го сретнал на друго место, па се занесувам од чувства и енергија, многу сум непредвидлив. Фјури не знаеше што ќе правам, го почувствував тоа, но за се има место и време“.

По поразот, Вајлдер го обвини Фјури за мамење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON