Во Прилеп прв собир и прозивка на кандидатите за кадетската џудо селекција

Претстојниот викенд, сабота и недела, во организација на ЏФСМ и техничка поддршка од ЏК Сеишин-Прилеп ќе се одржат викенд тренинг-подготовки на џудистите кои се потенцијални кандидати за кадетската репрезентација.

Бидејќи завршија државните првенства за кадети и јуниори, како и еден меѓународен критериумски турнир за кадети во џудо, каде учество зедоа натпреварувачи од кадетската возрасна категорија, на потег е селекторот м-р Дејан Мицкоски, кој ќе ги спроведе овие викенд тренинг-подготовки, при што ќе се изврши и првичната селекција на кандидати за кадетската репрезентација.

Се очекува присуство на околу 25 џудисти од сите клубови чии членови  се номинирани во поширокиот список на кандидати за кадетската репрезентација.

Во овие активности на селекторот Мицкоски ќе му помагаат тренерите Мики Чадамов и Трајче Марков, како официјални тренери на кадетската селекција.

Како што е најавено Балканското првенство за кадети/ ки оваа година ќе се одржи во нашата држава така што главна цел на овие и идните подготовки ќе биде составување на еден силен репрезентативен состав кој би и донел неколку балкански медали на нашата федерација и држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО