Може да се рече дека вчера и беше денот на Викторија Варадинова во категоријата до 60 килограми за постари кадети во кик лајт на Европксиот кик бокс куп во Карловац, Хрватска, освјувајќи го првото место.
Зад храбрата штипјанка останаа Амина Шехиќ од КБС Лјутос Орашац, Едита Бркиќ КБС Борац Јелах и Барбара Палека,Марјан 1975.
„Конкуренцијата беше многу силна. Во едната дисциплина имав актуелен светски и европски првак од кој изгубив на поени 2-1 и мора да се задоволам со сребрен медал.
Со противничката во финалето во кик лајт се борев по трети пат, односно ова ми беше трета борба со неа и успеав да ја победам и да го освојам златниот медал“, изјави Виктоирја Вардинова и додаде: „Златниот и сребрениот медал од Европскиот куп многу ми значат, затоа што имаше многу силна конкуренција. Ова е искуство повеќе, но секој пат може подобро“.
Варадинова претходно во категоријата до 60 килограми за постари кадети во лајт контакт го освои сребрениот медал, бидејќи во финалето беше поразена од европскиот првак Лорена Јуришиќ од Сушак.
Ipon.mk/В.Д.