Денис Стојниќ потпиша за Белатор, а ќе настапува и за Глори! (ВИДЕО)

stojnic-denis

Денис Стојниќ потпиша за Белатор! Босанско-херцеговскиот борец во втората најдобра ММА организација во светот ќе направи осум борби рок од две години и една во Глори по правилата на К-1 против Пат Бери. 

Стојниќ во моментов работи во Холандија, од каде што се јави за БиХ каналот ТВ1.

„Јас потпишав со Белатор за осум натпревари во период од две години“, рече Стојниќ. „Не е важно дали ќе изгубам или ќе победам на овие мечеви, бидејќи тоа се осум борби што треба да ги направам. Ако се направат добри борби, можеби и ќе ме продадат на УФЦ“.

Првата борба на Стојниќ во 2015 година ќе се одржи во Глори по К1 правилата против поранешниот УФЦ-овец, Пет Бери.

 „Ова ќе биде прв обид да се борам по К1 правилата. Белатор има многу добра соработка со лидерите на „Голден Глори“ и ми дозволија да одработам еден меч по правилата на К1“.

 Стојниќ посочи дека голема заслуга за потписот со Белатор има неговиот тренер Мартин де Јонг.

stojnic-denis

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON