Рускиот боксер во супертешка категорија, Денис Бојцов, бил пронајден во исклучително тешка состојба во берлинското метро. Русинот (29 години) е во германскиот тим „Зауерланд“и тренира кај Ули Вегнер.
Според полицискиот извештај, Бојцов е пронајден на шините меѓу станиците „Бизмаркштрасе“ и „Вилмердорфер штрасе“. Тој бил во алкохолизирана состојба и со тешка рана на главата. Поради сериозните повреди на боксерот е опериран. Отворениот оток на мозокот ги принудило лекарите да го стават Русинот во вештачка кома.
Инцидентот со Денис Бојцов се случил пред една недела, но дури сега излегува на виделина. Полицијата започна истрага.
„Не можам точно да кажам кога се случил инцидентот. Рано наутро тој го гледаше мечот меѓу Мејведер и Пакијао, а во текот на денот го пронашле во несвест на шините. За мене, ова е многу сериозно искушение, бидејќи сум бремена и по месец треба да породам “, изјави сопругата на Бојцов – Олга.
Една од верзиите на која работи полицијата, е поврзана со можноста нападот да е поврзан со спортската кариера на боксерот. Пред две години Денис Бојцов добил закани по неговиот живот. Се смета дека тој избегал од прогонителите и затоа се фрлил во тунелот на метрото.
Денис Бојцов ја започнува професионалната кариера во 2004 година. Досега има 37 борби, во кои забележа 36 победи (27 со нокаут) и еден пораз.
https://youtu.be/dbdNv3OJVRA