Денес почнува боксерскиот турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово, познати полуфиналните двојки

Денес и утре (на 14 и 15 јуни) во Куманово ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во чест на прославеното тренерско боксерско име.

Познати се паровите за полуфиналните борби, а во сабота е закажано финалето.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала на СЕУ „Перо Наков“ во Куманово со почеток во 15 часот.

На турнирот настапуваат боксерски имиња од Италија, Турција, Австрија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Полска и Македонија.

Меѓународен турнир „Мирослав Петровиќ“:

Младинци

51 кг Саша Менкарони (Италија) – Александру Кокорану (Романија)
54 кг Ебуталип Агушев – Саумеле Фуско (Италија)
54 кг Џиџи Стивен (Албанија) – Максим Чрнелеа (Молдавија)
57 кг Владимир Меленциуц (Молдавија) – Франческо Круцила (Италија)
57 кг Адријан Рустемовски – Александру Попеску (Романија)
60 кг Гајтано Буонокоре (Италија) – Флорин Калдарару (Романија)
60 кг Марко Јовановиќ (Србија) – Ѓорги Дравнев (Бугарија)
63,5 кг Николае Костов (Молдавија) – Огнен Антиќ (Србија)
63,5 кг Иван Кривачевиќ (Србија) – Матеж Печолер (Словенија)
67 кг Бесим Карај (Албанија) – Христофер Димитров (Србија)
67 кг Наум Стојаноски – Кристијан Карол Харпула (Италија)
71 кг Артем Катричичо (Моладавија) – Хамза Ресљанин (Србија)
75 кг Сандро Видовиќ (Австрија) – Амар Кочи (Албанија)
75 кг Габриел Морале (Италија) – Игор Бондари (Молдавија)
80 кг Венцислав Митев (Бугарија) – Давид Здарвевски
80 кг Сандро Купријан (Австрија) – Давид Ковачев (Бугарија)

Сениори

67 кг Кирил Глобенко (Полска) – Божидар Талапунски (Бугарија)
71 кг Јемин Алмуча (Албанија) – Даниел Шутало (Хрватска)
80 кг Усиен Ника (Албанија) – Влад Гаврилиук (Молдавија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON