Алискеров го замени Чимаев во борбата со Витакер

Пред неколку часа се знае дека Хамзат Чимаев е тешко болен и се повлекува од претстојната борба.

Чеченската ѕвезда е во болница и нема да се бори со Роберт Витакер. УФЦ реагираше брзо и му најде нов противник на Роберт. Икрам Алискеров за кратко време ја прифати борбата со „Жетварот“. Така, Алискеров – Витакер го насловува настанот УФЦ на АБЦ 6 кој ќе се одржи на 22 јуни во Ријад, Саудиска Арабија. Вечерта ќе биде деби за УФЦ во Кралството.

Алискеров требаше да се бори со Антонио Троколи овој викенд, но е повлечен од настанот. Реално, тој е подготвен за борба и ова е шанса да стане претендент во средна категорија. Икрам има скор од 15-1 во ММА и е во победничка серија од 7 борби. Во неговата последна борба го нокаутира Ворли Алвеш кон крајот на 2023 година.

Икрам заврши 11 од неговите борби и има 2 нокаут победи во УФЦ. Неговиот единствен пораз во ММА беше од Хамзат Чимаев со нокаут во 2019 година во Браве ФЦ. Витакер е поранешен шампион на УФЦ во средна категорија. Роб има скор од 25-7 во ММА. Во последната борба го победи Пауло Коста во февруари годинава.

Витакер заврши 14 од своите мечеви и 4 пати беше завршен.

https://twitter.com/ufc/status/1801387222337523772

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО