На 17 јануари 2017 година спортската икона Касиус Клеј – Мухамед Али – требаше да наполни 75 години. Легендарниот поранешен светски шампион во бокс многумина го сметаат за најголемиот на сите времиња и неговата смрт на 3 јуни 2016 година ги потресе навивачите во целиот свет.
Во неговиот роден Кентаки роденденот на Али ќе биде одбележан со неколку различни настани кои ќе му бидат посветени на него, а во салата „Али центар“ ќе има празнувања, по сите принципи кои боксерот ги следеше додека беше жив.
Една од активностите на прославата ќе вклучува доброволна хуманитарна кампања која ќе трае 75 часа – во чест на 75-годишнината – а ќе бидат донирани и 20 нови велосипеди на Домот за сираци.
Али дури и во денешно време е недостижен во очите на љубителите на боксот, а неговата кариера се развиваше навистина молскавично – во 1960 година на Олимписките игри во Рим освои златен медал во тешката категорија и наскоро потоа стана професионалец.
Во 1964 година веќе е светски шампион по победата над Сони Листон, а за време на тренинзите за мечот Али се запознава со Малком Екс и почнува да го следи патот на исламот.
Али ја претрпува најголемата криза во спортот откако одбива да биде вклучен во списокот на Армијата за војната во Виетнам. Како резултат на тоа титулите му се одземени, а и професионалната лиценца му е ставена во мирување речиси 3 и пол години.
Во почетокот на 70-тите Али е во врвот на кариерата, не само што си ја враќа светската титула, туку и ја брани против многу познати и славни имиња во боксот како Џо Фрејзер, Кен Нортон, Леон Спинкс и најмногу со Џорџ Форман во Африка.
Надвор од спортот Али исто така е исклучително активен со хуманитарната дејност, ги снабдува семејства во Куба со потребните лекови за време на ембаргото, патува до Ирак, за да помогне во ослободување на 15-мина заложници и со своите раце создава Центар за помош на болните од синдромот на Паркинсонова болест во Аризона, од кој и самиот страда.
Али е награден со Претседателскиот медал за слобода, како и Медал за слобода на националниот уставен центар. Касиус Клеј е доказ дека еден човек може значително да помогне за позитивна промена не само во боксот и во спортот, туку и во светот како целина.
Muhammad Ali dodges 21 punches in 10 seconds, 1977. pic.twitter.com/edsUjIoraX
— High & Outside Sports (@HighandOutside_) January 11, 2017