Ден за паметење на Дан кју – три злата и две сребра на „Мимоза опен“ во Црна Гора

Дан кју имаше ден за паметење на Меѓународниот џиу џицу турнир „Мимоза опен 2019“ во Херцег Нови, Црна Гора, освојувајќи три златни и два сребрени медали.

Златните медали ги освоија Дарко Стојановски, Зоки Колевски и Катерина Ацевска,а Јаким Колевски и Катерина Ацевска (до 17 години) сребрените.

„Апсолутен победник е Зоки. Имаше десет борци во категорија и до златото дојде со четири победи без изгубена борба. Дарко Стојановски со пет борци во категорија, со три борби без изгубена борба. Јаким Колевски во финалето повеќе се бореше со судиите отколку со противникот, загуби со 5-4 и дојде до среброто. Катерина Ацевска пријавена во две категории, во својата, апсолутно сигурна фул ипон и злато, а во поголемата се бореше со 17-годишен борец, загуби со 15-14 и го освои сребрениот медал“, вели тренерот Александар Ацевски.

На турнирот учествуваа 256 натпреварувачи од балканските држави.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON