Шампионот на УФЦ во мува категорија, Деметриус Џонсон, истакнува дека Конор Мек Грегор би имал сосема реална шанса да добие евентуален дуел со Флојд Мејведер.
Повеќето луѓе мислат дека Ноториус не би имал никаква шанси против Американецот, ако се сретнат во боксерскиот ринг.
Според Мајти маус, сепак, Ирецот има шанси против Мани, иако и самиот би се обложил на Мејведер.
„Лично јас, како спортски фан и фан на ММА, би сакал да го видам Конор да го брани појасот во лесна категорија. Но, мислам дека тој има добри шанси да го победи Флојд“, изјави Џонсон.
„Очигледно е дека Флојд е мајстор во тоа да избегнува удари, а добар и против левичарите, бидејќи е силен со десната рака. Мислам дека Конор ќе му предложи борба, но и покрај тоа се обложувам на Флојд“, додаде тој.