Делегација на ФБСМ имаше прием кај премиерот Зоран Заев (ФОТО)

Претседателот на федерацијата за боречки спортови на Македонија, Бетим Вренези, придружуван од потпретседателот Дејан Богданов и легендите на македонското борење Шабан Сеиди и Зоран Шоров имаа средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски и советниците за спорт.

Претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези на средбата го информираше премиерот Заев дека од 12 до 20 мај 2018 година, во Скопје ќе се организира Европско првенство во борење во конкуренција на кадети, а во септември ќе се организира СП за ветерани, и побараа поддршка за поуспешна организација што ќе ја претстави Република Македонија како достоинствен домаќин на оваа европска спортска манифестација.

Премиерот Заев истакна дека Владата на РМ и АМС целосно ги поддржува овие настани и заедничка намера е во иднина да се инвестира во овој спорт кој традиционално носи значајни спортски резултати, и ја промовира Република Македонија како земја која посветува значително внимание на спортот, спортските работници и спортските таленти.

Премиерот Заев во оваа прилика информираше за посветеноста на Владата на Република Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт, да обезбеди повеќе простор и средства за уште поголем развој на индивидуалните спортови како дел од планот за развој на спортската промоција и македонската спортска сцена во целост.

Од ФБСМ истакнуваат дека разговарале за тоа како да го вратат сјајот на борењето во нашата држава, сјај кој го имаше во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век.
„Од премиерот, добимве збор за безрезервна подршка за нашата Федерација и борачи, со единствена цел, постигнување на големи меѓународни резултати во наредните години“, велат од ФБСМ.

Фото: Влада на РМ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON