Поранешниот боксер во тешка категорија, Дејвид Хеј (42), ја изненади англиската јавност објавувајќи фотографија со која ги потврди шпекулациите дека во исто време е во врска со две девојки и сите живеат заедно.
Хеј, божиќните и новогодинешните празници ги помина во Мароко заедно со манекенката Сиан Озборн (30) и пејачката Уна Хили (41), а под фотографијата напиша:
„Доколку сликата кажува илјада зборови, тогаш оваа го кажува тоа што треба“.
View this post on Instagram
Хеј од 2020 година се забавува со манекенката Сиан, а во меѓувреме во љубовниот триаголник влета и пејачката Уна која пред неколку години се разведе од рагбистот Бен Фоден.
Според таблоидот „Дејли стар“, и Хеј и Сиан и Уна ги известиле своите семејства дека тие се заедно.