Абделазис: Доста со гласините! Усман ќе се бори со Едвардс!

Али Абделазис тврди дека борбата меѓу Камару Усман и Леон Едвардс ќе се случи.

Во последните недели се шпекулира дека Усман има повреда на раката. Неодамна се појави на ММА настан во Лагос, Нигерија, носејќи завој на раката, што ги подгреа гласините.

УФЦ во март планира Усман и Едвардс да ги прмовира во предводници на УФЦ 286 во Лондон. Се пуштија гласини дека организацијата бара нов противник за Леон откако Камару бил повреден.

Се споменуваат имињата на Хорхе Масвидал и Белал Мохамед. Абделазис, кој е менаџер на Усман, го демантираше ова и рече дека Усман ќе се бори со Едвардс за да си го врати појасот.

„Ве молам престанете со гласините! Камару Усман ќе се бори со Леон Едвардс. Усман е подготвен. Го враќаме овој појас каде што му е местото“, напиша Абделазис на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО