Поранешниот светски шампион во бокс во две категории, Британецот Дејвид Хеј, изјави дека сака да се врати во рингот и да се сретне со светскиот шампион на четири федерации во тешка категорија, Владимир Кличко од Украина.
Дејвид Хеј и Владимир Кличко имаа меч во 2011 година, а за победник беше прогласен Владимир Кличко со судиска одлука од 3-0.„Сакам реванш со Кличко. Јас ќе му нанесам повеќе удари во главата, почесто ќе влегувам во блиска борба. Целата подготовка ќе биде сосема поинаква“, рече Хеј.
https://youtu.be/DDWQHUetgfU