Дејвид Хеј ќе се бори со Марк де Мори, а мисли на реванш со Кличко

Dejvid hej gro plan

Поранешниот шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј (35 г.), се враќа во рингот на 16 јануари, кога ќе се сретне со Марк де Мори, по четиригодишна пауза.

Британец го објави враќањето во рингот во „О2 Арената“ во вторник, истото место каде што ќе боксира со 33 годишниот Австралиец, кој е ВБФ шампион и 10-ти предизвикувач според ВБЦ федерацијата. Де Мори има скор 29-2-1, а 25 победи се со нокаут.
Хеј последен пат имаше меч во јули 2012 година, кога го победи Дерек Чисора со нокаут во петтата рунда на стадионот „Аптон парк“. Тој признава дека целта е прво да се боксира со сонародникот Ентони Џошуа, а потоа да има реванш меч со Владимир Кличко.
„Имам незавршена работа. Три ипол години се многу за да си надвор од рингот, но сега сум целосно фит. Тешката категорија е прекрасно место во моментов и сакам повторно да сум шампион“, изјави Хеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON