Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Дејвид Хеј, ja продолжи иницијатива за давање на рицарско звање на Мохамед Али. Британецот ја започна кампањата во февруари.
„Изгубивме легенда, вистинска глобална икона. Тоа се зборови кои не ги користам често. Мухамед Али инспирира толку многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, дека нема ништо невозможно. Не можам да се сетам на друга личност која заслужува повеќе од него почесно рицарство. Сегашните правила не дозволуваат посмртно доделување на титулата. Тој заслужува правилата да бидат преразгледани“, рече Хеј.
https://youtu.be/04jJ0Neu0o8