Дејвид Бенавидез има успешно деби во новата тежинска категорија на 15 јуни, кога се соочи со Александар Гвоздик во МГМ Гранд гарден арената во Лас Вегас. Дуелот беше загревање за мечот меѓу Џервонта Дејвис и Френк Мартин, кој беше емитуван на ПБЦ ППВ на Прајм видео.
#andthenew WBC Interim Champion of The World… @benavidez300 Benavidez!
Great performance by The Mexican Monster against a very strong Gvozdyk#wbcboxing #MGM100 pic.twitter.com/EzJjvraeVS
— World Boxing Council (@WBCBoxing) June 16, 2024
Двократниот шампион во суперсредна категорија Бенавидез од Феникс и поранешниот шампион во полутешка категорија Гвоздик од Украина се бореа за привремената титула на ВБЦ во категоријата до 79 килограми. Шампионскаа борба беше во 12 рунди. Конечните резултати беа 116-112, 117-111 и 119-109 во корист на домаќинот.
Benavidez gassed and power non existent
He was always a weight bully at 168
He aint no mexican monster— Nine (@ninewontmiss) June 16, 2024
Со едногласна одлука 27-годишниот Дејвид Бенавидез го освои првиот појас на 79 килограми, го подобри балансот на 29-0, 24 нокаути и остана непоразен. Живеејќи во Окснард, Калифорнија, 37-годишниот Александар Гвоздик падна на 20-2, 16 нокаути, со што ја прекина неговата победничка серија од три борби.