Дана Вајт сака Алекс Переира да остане во полутешка категорија

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира размислува да си ја проба среќата во тешка категорија. Дaна Вајт, шефот на УФЦ, не е убеден дека тоа е добра идеја.

За време на УФЦ 300, кој се одржа на 13/14 април во Лас Вегас, Алекс Переира брзо го нокаутира Џамхал ​​Хил и го одбрани појасот во полутешка категорија. По овој настан повторно почнаа да се појавуваат гласини за преселбата на Переира во тешка категорија. Самиот Переира изјави дека сака да се бори во тешка категорија.

Алекс Переира е поранешен шампион во средна категорија. Појасот во оваа тежинска класа го освои во ноември 2022 година и го држеше до април 2023 година. Тој ја загуби титулата откако беше поразен од Израел Адесања. На крајот на минатата година Переира ја освои титулата во полутешка категорија, а сега ја запиша првата одбрана.

И додека фановите го сакаат Переира во тешка категорија, Дана Вајт го сака во полутешка категорија.

„Кога мислите дека тој ќе помине во тешка категорија, мора да сфатите дека таму ги имаме Џон Џонс, Том Аспинал и цела долга листа на борци. Тешката категорија е силна. Не знам дали тоа е добар потег за него. Тој изгледаше одлично во неговата последна борба, мислам дека треба да остане во полутешка категорија“, изјави Вајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON