Дана Вајт му порача на Леон Едвардс дека негов следен противник ќе биде Колби Ковингтон

Леон Едвардс неодамна го победи Камару Усман по втор пат по ред за да ја одбрани титулата на УФЦ во полусредна категорија.

Англискиот борец го победи Нигериецот со мнозинска одлука на судиите на настанот во Лондон.

По мечот се зборуваше дека негов следен противник треба да биде Колби Ковингтон.

Но, Роки смета дека Колби не заслужува борба за титулата, бидејќи загуби два меча во последните четири настапи и има два порази, од кои и двата се случија во борбите за појасот.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, му кажа на Едвардс дека негов следен противник ќе биде Ковингтон.

„Едвардс имаше два меча со Усман, а сега го следи уште еден стилски борач и опасен противник. Кога си шампион, тогаш сите сакаат да се борат за титулата, те чекаат најопасните противници. Усман беше владетел на категоријата и е еден од најголемите борци. И Леон два пати го победи, сега тој е главен. Леон ја презеде таа улога и сега други доаѓаат по него. Колби е следен во редот“, изјави Дана Вајт и додаде:

„Нема сомнеж, да не беше Усман шампион на категоријата ќе беше Колби. Тој е тука долго време, секогаш подготвен за борба, пристигна во Лондон и можеше да влезе како замена. А има уште милион причини зошто заслужува борба за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО