Дана Вајт откри дека Колби Ковингтон е следниот предизвикувач за титулата во велтер категорија.
Минатиот викенд Леон Едвардс ја задржа титулата откако го совлада Камару Усман. Ова се случи во главната борба на УФЦ 286 во Лондон. Колби беше во публиката и ја следеше целата борба. Ковингтон беше резерва на средбата и го помина мерењето, но неговите услуги не беа побарани.
Вајт рече дека што и да се случи, Колби е следен за Едвардс. Самиот Ковингтон го коментираше ова и изјави дека Едвардс го чека во јули во Лас Вегас.
„Леон Едвардс, се гледаме во јули“, напиша Ковингтон.
Леон не гледа поента во шансата за титулата на Американецот. Колби не се борел една година и веќе потроши два меча. Едвардс верува дека Колби не заслужува шанса во титулата.
„Не знам каква смисла има тоа. Ковингтон не се борел година ипол. Тој е неактивен, иако нема повреда. Не знам како добива шанса кога има други борци кои активно се борат.
Јас сум кралот и го заработив златото. Се чувствувам како да треба да одлучам кој е следен“, изјави Леон за медиумите.
View this post on Instagram