Дејан Трајковски потпиша договор со Тим Кобрас: Дисциплината и респектот ги стекнав во каратето, но се наежувам кога ќе се сетам на првата ММА борба во Велес!

Дејан Трајковски се приклучи на тимот Кобрас во Греманија под менаџерсто на Бартислав Тасиќ, со што сака да направи пробив на западната ММА сцена, а веќе имаше една борба во Келн.

„Пред неполни два месеца ми се пружи огромна шанса за напредок и потпишав двегодишен професионален договор со германскиот Тим Кобрас за кои веќе одработив една борба на 4 декември во Келн, Германија, против искусниот Јулиан Кааф. За жал, тоа беше мојот прв пораз во мојата кариера, но јас го оставив тоа зад себе со убедувањето – никогаш пораз, само лекција! Огромна благодарност до мојот менаџер Братислав Тасиќ кој веруваше во мене и ми помогна да остварам соработка со Тим Кобрас и работиме заедно на понатамошната кариера. Чекам потврда за турнирот во март, кој треба да се одржи во Карлсруе – Германија“, вели Трајковски.

Дејан објаснува дека од најрана возраст се занимава со разни боречки вешини. Започнал, најверојатно, како и многу други борци со карате.

„Можам да кажам дека оттаму ја стекнав сета онаа дисциплина и респект, за кој што мислам дека треба да ги поседува секој спортист. На 17 години станав член на клубот Будо од Велес, чии тренери се Ѓоре Стојанов и Раде Стефановски. Бев член на џит кун до групата во Стронгест под раководство на главиот инструктор Ивица Алексовски, каде што се стекнав со прв степен на мајсторство. Но, се се смени по доаѓањето на професорот Роберт Наумовски – првиот Македонец со црн појас во БЏЏ кој живее и работи во Австралија. Истата година се оформи и ММА групата и можам да кажам дека оттука започна се. Огромната љубов кон ММА спортот ме натера паралелно со БЏЏ групата да членувам и во ММА екипата, затоа што тука постои таа тесна поврзаност“, обајснува Трајковски, кој следната година 2011-та ја има и првата профи ММА борба пред преполната сала  во Велес (околу 5.000 гледачи).

„Тоа за мене беше едно огромно искуство и секогаш кога ќе се сетам на преполната сала и на тоа како беше прифатена мојата победа од публиката, едноставно, се наежувам и не можам да останам рамнодушен“, се пристеува Дејан со многу емоции на првата борба во родниот Велес.

Тој веќе една година тренира, според него, со најдобриот ММА борец во Македонија,  Гоце Димитриевски.

„Тоа е човек кој заедно со Гоце Цандовски се носители на ММА, како спорт во Македонија. Тоа се луѓе кои го посветиле целиот свој живот на овој спорт. Многу време, труд  и саможртвување, затоа им изразувам огромна почит и благодарност за сето она што тие го направиле за нас како млади спортисти и за сите љубители на овој спорт. Веќе една година тренирам со Димитриевски, како мој главен тренер за ММА. Можам да кажам дека од него научив многу. Тој комплетно ми го смени стилот и ми помогна да се усовршам. Осетив огромен напредок, за сто сум му бескрајно благодарен и продолжуваме понатам“, посочува Трајковски со чувтсво на голема балгодарност.

Покрај Димитриевски, борењето го работи со инструкторот Љупче Тасевски, а боксот со инструкторот Тони Јаневски. Тој искажува голема благодарност за се и вели дека е горд што го има најдобриот тренерски тим во Македонија.

„Во текот на мојата кариера имам аматерски скор 4-0 и професионален од 3-1“, посочува Трајковски, при што искажува благодарност и до Ипон.мк поради подфршката на младите таленти,но искажува благодарност до сите љубители на ММА спортот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON