Задоволен сум од целокупниот успех на сите клубови кои учествуваа на ова првенство „Балканс бест фајтерс“ во Ниш, на кое секоја година учествуваме во голем број и секогаш се враќаме со голем број медали, вели селекторот на макеоднската кик бокс репрезентација и претседател Кик бокс маитаи федерација на Макеоднија, Дејан Митровски – Урко.
Сите Македонски клубови заедно за Македонија освоиа 20 златни медали, 21 сребрени и 24 бронзени медали.
„Ова е потврда дека и покрај ковид пандемијата и сите опструкции со примена на сите заштитни мерки со кои ни се скрати слободата, сепак, оној кој сака да тренира успехот и спортските резултати се неизбежни и сами си доаѓаат“, вели Митровски и додава:
„Македонските кикбоксери се повеќе уживаат почит од останатите клубови и земји учеснички на првенствата каде што учествуаат нашите клубови како репрезентација. Со ова можам да кажам дека кик боксот е масовна и една од најуспешните федерации во нашата земја која на Македонија секогаш и носи голем број медали, пехари и признанија.
Секоја година со ова првенство ја завршуваме тековната година со нашите активности и првенства“.
„Одиме уште појако следната 2022 година“, порача Митровски.