По триумфот Бобан Илиоски на турнирот ВАКО Про Арена фајт во Будва во Будва, Црна Гора, тренерот Дејан Митровски-Урко изјави:
„За овој настап Илиоски беше на подготовки во Холандија, каде што имаше понуда за борба на настанот Фајт најт топ екшн во Турнхоут, Белгија, која ја прифативме и притоа извојува победа со нокаут против домашниот кикбоксер Леви Кујкен во К1 до 85 кг“.
Бобан Илиоски веќе е познат како високо реномиран борец во светот, вели Митровски, со што понудите за нови борби, како и неговата цена постојано се во пораст.
„За 13 мај имаме закажана борба за европска титула и појас на европското СЕНШИ, каде што ќе се бори во Варна против Едуард Алексијан во К1 85 кг“, истакнува Митровски и додава:
„Оваа година ни претстојат учества на две светски првенства, во кик бокс и во маи таи, каде очекуваме од двете првенства злато“.
Дејан искажува голема благодарност до Агендијата за спорт и млади и директорот Наумче Мојсовски за вербата во нив и за постојаната поддршка и ветер во грб за реализација за сите досегашни успеси со Бобан Илиоски и со Кик бокс маи таи федерацијата.
„Сакам да потенцирам дека секоја помош и поддршка сме ја оправдале и тврдам дека сме најуспешен спорт и најтрофејната федерација во нашата земја“.
Митровски најавува организација на ВАКО Про настан и борба на Илиоски за титула.
„Оваа година имаме договор по кој следи потпишување на договор за организациски домаќини на ВАКО-Про арена фајт, каде Бобан Илиоски ќе има шанса на домашен терен да се бори за европски појас, односно за титула европски ВАКО-Про шампион.
Во тек се организациските подготовки околу условите, времето и финснсиите“, вели Митровски.