Дејан Митровски: Ѓоргиев и Илиоски ќе се борат со светски прваци, но ние одиме на сребра!

По сигурните настапи денеска на Димитар Ѓоргиев и Бобан Илиоски на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Совачка, односно пласман во полуфиналето и обезбедување на бронзени медали со можност да прераснат во сребра или злата, побаравме мислење од селекторот Дејан Митровски – Урко за настапот на нашите репрезентативци на шампионатот и за полуфиналните борби што следат.

„Димитар имаше доминантна борба во сите три рунди и победи со 3-0. Во последната рунда противникот силуваше и проба да оди на нокаут, но искуството на Димитар и тренерите во аголот му помогнаа вешто да ги избегне нападите и да возврати со поени, а да не дојде до повреда, бидејки утре е борбата за сребрениот медал, односно пласман во финалето. А Бобан имасе бурна Борба со размена на многу удари во корист на Илиоски. Бобан цело време доминираше. Во првата рунда двапати му броеја на противникот, а на почетокот во втората и трет пат, па нашиот репрезентативец победи со прекин (ТКО). Важно е дека и двајцата наши борци добро се чувствуваат и немаат повреди. Филип Ризов завчера во кик лајт се избори добро. Првите две рунди водеше 3-0, а во третата потфрли. Во втората половина на третата противникот изедначи и на самиот крај на рундата противникот оствари поен, така што Ризов за еден поен ја загуби борбата. Одиме да одмараме и утре се бориме за сребра“, вели Митровски.

За противниците на Димитар и Бобан селекторот Митровски истакнува дека утрешниот противник на Димитар, Милош Цвјетичанин (Србија), е лански светски првак до 86 кг. А противникот на Бобан, Белорусинот Дмитри Баранау е повеќекратен европски и светски првак во 75 кг кој сега се бори до 81кг.

„Утрешните борби ќе бидат доста тешки за двајцата наши борци“, оценува Дејан Митровски.

Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка

-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале

-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале 3-0 (КО, Р2)
Бобан Илиоски – Дмитри Баранау (Белорусија) ½ финале

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО