Дејан Митров имаше враќање на боречката сцена само како што може да се посака – со освоен медал. Синоќа го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Тарагона-Шпанија. Во борбата за бронзениот медал го совлада против Будра Мохамед од Алжир со 3-1.
На Митров ова му е втор бронзен медал од Медитеранските игри по оној од Мерсин, Турција, пред пет години.
Да посетиме дека Митров на Светското првенство во Лас Вегас – САД, во 2015 година настапи повреден и оттогаш беше на работ на повелкување од борењето. Но годинава активно тренира во Балканец.
„Одлично враќање по повредата. Ова е голема мотивација за мене. Два медала од МИ не е мала работа“, вели Митров за Ipon.mk, а за нечесните намери на противникот рече:
„Противникот водеше нечесна борба, но не подлегнав на провокациите и ја водев борбата како што знам“.
Едно од прашата е и дали можеше подобро и борба за златниот медал.
„Се уште жалам што не влегов во финалето, но и третото место е добро“.
Резултати
-74 кг
Дејан Митров – Сами Мустафа (Египет) 6-9
За бронза
Дејан Митров – Будра Мохамед (Алжир) 3-1
Ipon.mk