АктуелноБорењеДомашна сцена

Дејан Митров стави крај на кариерата со златен медал

Вчера со златен медал на Меѓународниот турнир во борење „Победник“ Дејан Митров стави карј на активната кариера. Во категоријата до 86 килограми Митров забележа и пет победи против противници од Србија 10-0, Црна Гора 9-1, Босна и Херцеговина 10-0, во полуфиналето над Хрват 10-5 и во финалето славеше против Словак 8-5.

Дејан е рекордер по освоени титули во Македонија, вкупно 17.

Позначајни резултати:

17 пати джавен првак-рекордер
2 бронзени медали од ЕП
2 бронзени медали од МИ
8 пати победник на Македонски бисер
3 место на квалификации за ОИ Лондон 2012 година
4 медали на „Дан Колов“
Избиран за спортист на Штип од пионери до сениори
7 место на СП.

Митров во 1999 година прв пат настапува во националниот дрес како дел од пионерската репрезентација.

„Денес беше мојот последен настап за СВЕТИОТ ДРЕС. Пет победи за златен медал на „Победник” во Белград“, вели Митров и додава:

Благодарност до хигеиничарот во салата, спаринг партнерите, управата, тренерите, спонзорите, па се до мојата фамилија кои ми беа најголема поддршка“.

Митров вели дека и понатаму останува во борењето.

За својата кариера смета дека е успешна и исполнета со падови (3 операции) и победи.

Дејан жали за еден момент во кариерата.

„Жалам за минималниот поразот во полуфиналето на Олимписките квалификации“, вели борачот на Балканец и додава:

„Најдраг момент ми е искачувањето на победничкиот пиедестал на ЕП 2004 и ЕП 2007 каде што бев трети“.

Тој на идните генерации им порачува да се занимаваат со спорт и да кажат НЕ на пороците кои, за жал, ги има се повеќе.

„Спортот е начин на живот, јас го одбрав тој живот“, истакнува Митров,

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON