Дејан Митров (-65 кг) ги извојува првите победи за македонските борачи на силниот меѓународен турнир „Дан Колов-Никола Петров“ и го освои бронзениот медал.
Тој на стартот се сретна со Швајцарецот Ренди Вок и го победи со 8-0 со туш, потоа во четвртфиналето славеше и над Романецот Георге Букур 3-2. Во полуфиналето беше совладан од домашниот борач Куртев со 3-2, а во борбата за третото место беше подобар од Германецот Дулгер и славеше со 3-2. Во оваа категорија беа пријавени 19 борачи.
Дејан Богданов до 97 кг беше поразен од Романецот Михал Мане со 3-1. И во оваа категорија имаше голема конкуренција, 17 борачи.
Дан Колов е силна проверки за нашите борачи пред критериумските за ЛОИ 2016, Европските игри во Баку, Азербејџан, што ќе се одржат во јуни, и Светското првенство во Лас Вегас, САД, во септември.
ipon.mk/В.Д.