Борачот Дејан Митров вечерва е прогласен за „најдобар спортист на Штип“ за 2023 година, а ракометарката Марија Анчева за најдобра спортистка.
„Минатата година имаше многу успеси, но и падови, со многу пот на душекот успеавме да постигнеме добри резултати. Оваа година ветувам дека ќе има уште поголеми успеси, бидејќи не очекуваат Олимписките игри во Париз во текот на 2024 година. Општина Штип и Република Македонија заслужуваат да имаат олимпиец, а јас ќе се погрижам за тоа“, рече Митров.
Каратистот на „Штип“ Андреј Басаров е најдобар младинец, Ива Колева кошарка е најдобар кадет, додека борачот Зоран Шоров најдобар пионер.
Бобан Данов е најдобар тренер.
Признанија добија и спортските новинари Кирил Манев од Штипски асови за животно дело и Александар Ванев од регионалната Телевизија М Нет ТВ.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека лани општината инвестираше во нови и реконструкција на спортските игралишта низ општината, а општината успеја и Штип за оваа година да биде прогласен и за ,,Европски град на спортот“.