Македонскиот карате-амбасадор Дејан Милошевски гордо го вее македонското знаме секој викенд во различни држави во Америка.
Во изминативе 6 викенди македонското знаме можеше да се забележи во американските држави: Калифорнија, Тексас, Јута, Колорадо, Илиноис.
Дејан минатата година беше прогласен за македонски карате амбасадор од страна на македонскиот конзул во САД. Оваа година Дејан продолжи со промоцијата на македонското карате и Македонија на американскиот континент. Изминативе два месеци, речиси секој викенд беше присутен на сите поголеми интернационални натпревари во Санта Ана-Калифорнија, Далас – Тексас, Форт Форт – Тексас, Солт Лејк – Јута, Денвер – Колорадо, Чикаго-Илиноис. Веќе следниот викенд е поканет да учествува во Мајами-Флорида каде ќе настапат и ученици од неговиот клуб Милошевски маршал артс.
„Да се биде првиот македонски карате амбасадор во македонската историја претставува огромно признание за мојата карате кариера. Со цело срце и љубов ја претставувам Македонија низ светот на начин на кој знам и умеам, а тоа е каратето“.
Само за потсетување, Дејан беше избран и во топ 18 карате судии во САД и бесе поканет да суди на изборниот натпревар за америскиот национален тим. Ова е прв пат во историјата на американското карате македонски судија да ја има оваа чест.