Нашиот истакнат каратист, тренер и судија, Дејан Милошевски – Чобачо, чекор по чекор ја надоградува својата карате база во САД и оди напред во нови предизвици. Изминатиов викенд, на 7 октомври, Милошевски го одржа првиот карате семинар посветен на катата. Семинарот се одржа во Карате клубот Сенши карате оф Чикаго.
Ова е уште еден чекор напред во промовирањето на карате вештината на Дејан. Тој најавува серија семинари во САД.
„Во овој месец ова ми е ката семинар во еден клуб, во Сенши карате оф Чикаго. Ссе работеше кихон – техника со посебно внумание на биомеханика и експлозивност. Се обработија неколку кати со неколку бункаи (омоте, хонто и ура) објаснувања“, вели Милошевски за Ипон.мк и додава:
„Ова беше специјален семинар за подготовка на учениците на овој клуб за тековните натпревари“.
Од друга страна, вчера имале специајлен ММА час, каде што е прославен Светскиот ден за менталното здравје. Гостин предавач била Македонка која е лиценциран психолог во Чикаго.
„Наша гостинка беше Марија Ризоска, со која соработуваме веќе подолго време и ги подготвува нашите ученици за престојните натпревари“, истакна Милошевски.
Да потсетиме дека Милошевски кон крајот на месецов ќе суди на Светското карате првенство во Будимпешта, Унгарија, а од 21 до 24 септември беше еден од избраните 50 судии на Карате 1 Младинската лига во Мерида –Мексико, и единствен од Македонија. .