Иванов школа за Лидери – Алумни асоцијација организира дискусија на тема „Македонските спортисти – најголеми амбасадори на Македонија” во сабота во хотелот Инекс Олгица, со почеток од 12 часот.
Говорници на оваа дискусија ќе бидат Дејан Милошевски-Чобачо – судија во карате, кој живее, работи и ниже успеси во САД и Гордан Јорданов – потпретседател и координатор за меѓународни односи на ИСЛАА.
Оваа интересна дискусија која се организира согласно програмските активности за 2024 година и е дел од низата настани посветени на одбележување на 15 години Иванов школа за млади лидери.