Екипата што победува отпатува за Софија по олимписка норма

Екипата што победува отпатува за Софија на квалификацискиот таеквондо турнир за Олимписките игри во Париз ова лето. Турнирот се одржува во Софија.

Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, селекторот Борче Костовски и тренерот Дарко Костовски, по традиција, секое патување го почнуваат од црквата „Свети Јован Крстител“ во Бутел. Така направија и утрово.

Утре за Софија патуваат Мила Рељиќ и тренерот Александар Ефтимов.

Квалификациите се во сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО