Дејан Милошевски – Чобачо од пред седум месеци живее во Чикаго, САД, каде што е главен инструктор и менаџер во ФМА доџо – Гленвју. Но, ова би била само техничка информација дека уште еден наш картист си го побарал лебот преку барата, како и многу други кичевчани и Македонци. Милошевски е вклучен во благодарен карате проект во содејство со медицината.
Милошевски е дел од Фонсека маршал артс, најголемиот карате клуб во Илиноис, со 5 сали и повеќе од 900 уценици. Нивните карате програми се за ученици од 3 години до +65 години.
„Минатата година креиравме нова карате програма за ПД (Паркинсова болест). По спроведеното првично тестирање на ученици, резултатите беа изненадувачки. Оваа година потпишавме договор со најголемата болница во Илиноис „Раш хоспитал“. Сега заедно работиме на проект од една година, имаме околу 60 ПД ученици. Тимот се состои од лиценцирани ПД карате инструктори од ФМА (јас сум еден од нив) и доктори и ассистенти од Раш хоспитал. Доколку резултатите се позитивни, оваа програма ќе биде прифатена и признаена како национална и ќе биде спроведена на целата територија на САД“, вели Милошевски.
Оваа активност ја забележаа и американските медиуми и известуваа за полезноста при третирањето на Паркинсовата болест со карате спортот.л
Тој објаснува дека сопстевник и шеф инструктор на ФМА е Џон Фонсека, првиот освојувач на златен медал во историјата на САД во кумите на Светско првенство. Исто така е и прв освојувач на злато на „Париз опен“ по 30 години.