Дејан Георгиевски ги урива границите во таеквондо спортот во Македонија, тој е првиот Македонец со официјална покана на Гранд при турнирот „Рома 2019“ од највисока класа Г-4 во овој олимписки спорт, што ќе се одржи од 7 до 9 јуни во Рим.
„На Гранд при турнирите се покануваат најуспешните борци на планетата во овој олимписки спорт. Тие носат значително голем број на поени за обезбедување на олимписка норма“, велат од неговиот клуб Бутел и Македонската таеквондо федерација (МТФ).
Овој турнир е по најголемиот таеквондо настан во оваа година Светското првенство во Манчестер на 16 мај сега, така што Георгиевски за неколку дена ќе настапи и на СП и на Г-4 турнирот во Рим.
Ipon.mk