Бен Аскерн убедливо поразен од олимпискиот шампион Бароуз (ВИДЕО)

Бен Аскрен, велтерашот на УФЦ, во Њујорк се бореше против олимпискиот победник и четирикратниот светски првак во борење слободен стил Џордан Бароуз.

30-годишниот Бароуз се покажа дека е премногу голема препрека за ММА борецот и го победи Аскерн со технички туш (техничка супериорност) по уривањето на 11-0 во втората рунда на „Бит д’стритс“ во „Медисон сквер гарден“.

Пред да се приклучи на ММА каде што беше во првак на Белатор и ОНЕ шампионатот Аскерн беше двократен национален шампион во колеџот Мисури со скор 153-8. Непоразениот ММА борец сега може да се фокусира на борбата со Хорхе Масвидал на 6 јули на УФЦ 239 во Лас Вегас.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=Y-ShdOV6Gts
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО