Олимпискиот вицепрвак во таеквондо најпрво славеше против Марко Насо од Италија, а потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил за на крајот да го совлада Брајан Зондероп и да освои златен медал.
Ова е второ злато за Георгиевски месецов, откако претходно беше најдобар и на турнирот Г1 Тирана Опен.