Дејан Георгиевски: Бронзата на Гранд при финалето е мој најголем успех по среброто на Олимписките игри

Дејан Георгиевски уште еднаш ја изрдува Макеоднија со овојувањето на бронзениот медал на Светското таеквонодo Гранд при финале во Ријад, Саудиска Арабија, во категоријата над 80 килограми. За бронзата солавеше против Смаил Дуисебеј од Казахстан. Освен тоа, освои и нови 33 бода за Олимписките игри во Париз 2024.

На ова големо натпреварување, кое се смета за најголемо по Олимписките игри, Дејан во првата борба славеше против еден од најдобрите светски натпреварувачи Иван Гарсија Мартинез од Шпанија 2-0, кој го освои сребрениот медал на неодамна завршеното Светско првенство во Гвадалахара, Мексико. Потоа и Бразилецот Икаро Мигуел Соареш со 2-0 (9-5, 6-0). Во полуфиналето Георгиевски загуби од Чејк Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска.

Инаку, Георгиевски на Гранд прито учествуваше на лична покана, каде што настапуваат 16-мината најдобри во светот.

Со овој медал Дејан испиша историја во македонското таеквондо и македонскиот спорт.

На финалниот Гранд при турнир во Ријад ја освои бронзата. Според составот на натпреварувачи, таму беа најдобрите. Дали ова му дава поголема тежина на бронзениот медал?

-Да, секако дека овој натрпевар има поголема тежина, бидејки таму се поканети само најдобрите 16 во категорија и секако конкуренцијата е многу силна.

Извојува две победи на тешки противници, по што дојде полуфиналето и пресметката со стариот познаник Сисе, кого го имаш победено. Според жакувањата на тренерот борбата била многу тесна. Што одлучи во полуфиналето?

-Првите две борби беа против противници кои што се едни од најдобрите во мојата категорија. Тесна беше борбата во полуфиналето, а што беше одлучувачко, не можам да ви кажам, треба да седнам да ја разгледам убаво борбата.

Сепак, за бронзата извонредно изработи. Дали имаше трема пред настапот за брозениот медал?

-Борбата за бронзата беше една од потешките на овој натпревар. Не, скоро никогаш немам трема пред борба, иако борбата за бронзата е и психички тешка, бидејќи ако изгубите немате медал, а предходно сте извојувале и две победи.

Колку ти значи овој медал?

-Овој медал многу ми значи, бидејки е најголем успех за мене по ЛОИ од Токио. За прв пат имавме учество на Гранд при финале и уште еднаш испишавме историја.

Дали жалиш што не влезе во финале?

-Секако, малку ми е криво што не влегов во финалето. Секогаш, на кој и да било натпревар да учествувам, одам да го донесам златниот медал. Иако не успеав да влезам во финалето, сепак сум задоволен со бронзата, затоа што, како што ви кажав и предходно, ова е еден од моите најголеми успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО