Дејан Чолески е нов претседател на Карате федерација на Македонија.
Чолески беше избран на вонредното Собрание денес во Скопје, откако пред извесно време Петар Белистојаноски си поднесе оставка.
Чолески и избран со 54 гласа од 58 присутни со право на глас, 4 ливчиња беа неважечки, а предложен од 79 клуба, без против.
Повеќе клубови не присуствуваа на Собрaнието.
Инаку Чолески доаѓа од КК Чоле од Охрид.
Има промени и во Извршниот одбор, Зоран Ѓоргевски и Наташа Стефановска веќе не се дел од ИО. На нивно место влегуваат претставници на КК Кизаме и КК Консуто, Александар Филиповски и Игор Смилевски.