Дејан Богданов: Европското првенство ќе биде организирано на највисоко ниво!

Потпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, верува дека Европското првенство за кадети ќе биде добро организирано од 14 до 20 мај во Скопје. Ова денеска беше објавено на веб-страницата на Обединетото светско борење. Првенството требаше да се оджи во Киев, Украина, од 23 до 29 април. 

„Имавме и порано една ваква информација, ама сакавме прво и официјално да ја добиеме од Обединетото светско борење. Таа стигна вчера. Ние уште во текот на вчерашниот ден. ги почнавме нашите активности. Ги обезбедивме хотелите каде борачите ќе бидат сместени. Утре ќе имаме прес конференција во Скопје, во исто време ќе имаме и состанок на УО. Ќе сториме се- Македонија да ја претставиме пред гостите од Европа во најдобра светлина. Планираме и нешто ново за развој на најтрофејниот спорт во Македонија. Точно е, ќе имаме доста работа до почетокот на ЕП, но не стравуваме – ќе работиме напорно да го унапредиме борењето во нашата држава. Сакам да потсетам дека во октомври годинава не очекува и Светското првенство за ветерани. Имаме коректна соработка со првите луѓе на Обединетото светско борење, особено со претсаедателот Ненад Лаловиќ“, ни рече Дејан Богданов.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО