Дедо Мраз Виталиј Кличко го јавна вејкбордот

Vitalij Dedo Mraz

Поранешниот светски шампион во супертешка категорија и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, го јавна вејкбордот за да ги поздрави своите сонародници и фанови со доаѓањето на 2016 година. Облечен во костум на Дедо Мраз, Украинецот се пушти по водата, правејќи неколку ефектни трикови, заедно со претседателот на локалната федерација за вејкборд и скијање на вода, Јуриј Зузулеј.

Новогодишна поздрав на постариот од браќата Кличко буквално го растури интернет просторот, затоа што само на ЈуТјуб за четири дена се регистрира над 220 000 преледи на видеото.

Според зборовите на Јуриј Зузулеј, двајцата го снимиле видеото спонтано и на шега, а биле многу изненадени од неговата популарност. Виталиј Кличко одамна се занимава со вејкборд и кајтсурфинг.

„Пред Нова година во Киев беше невообичаено топло. Затоа и решивме на 24 декември да пренесеме честитка за екстремните колеги и да ја затвориме ски сезоната, која обично завршува кон крајот на октомври. Иницијатор беше Виталиј Кличко, кој предложи да направиме нешто креативно. Не планиравме да и упатиме официјално честитка на сите луѓе во Киев. Сето тоа беше за забава. Не подготвуваме говори и рековме она што е во нашите глави во овој момент. Костимите на Дедо Мраз и Снежана ги најдовме во соблекувалните на комплексот каде што го снимавме видеото . Вејкбордистите секоја година на отворање и затворање на сезоната се маскираат. На Виталиј му се допадна овој Дедо Мраз, а јас земав костим на Снежана.

Го пуштивме клипот на 31 декември. Кога видов дека бил гледан над 100 000 пати, бев како пошашавен. Му заѕвонив на градоначалникот и му реков: „Виталиј Владимирович, виде ли? А тој, и самиот во шок, ми рече дека неговите политички советници дури го критикувале. Му реков дека ние сме спортисти и дека се правиме со душа и да не обрнува внимание. А дали е лошо или добро, секој сам за себе нека одлучи. По нашата авантура, градоначалникот брзаше на важен состанок и ја пропушти сауната, со која обично ги завршуваме вејкбординг авантурите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО