Деблокирана сметката на ФБСМ, денеска се разговараше за симнување на суспензијата од ОБС

Dejan Bogdanov vo odelo

Домашниот долг со ВИП е затворен и сметката на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) е деблокирана, вели потпретседателот на Федерацијата, Дејан Богаднов, додека денеска претседателот Бетим Вренези преговараше цо ЦЕЛА, односно нејзиниот претседател Цено Ценев за симнување на суспензијата на ФБСМ од страна на Обединетото светско борење (ОБС/UWW).

Да потсетиме дека ФБСМ поради долг од 20-тина илјади евра е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања. Но, од наша страна има увервување дека ќе се дозволи долгот да се отплати на рати, односно за симнување на суспензијата ќе треба да се уплатат барем поливина од средствата што ги должат.

sobranie-fbsm-28-dekemvri-2016

„Завршија првите заеднички подготовки на 43-44 кадети и младинци и деца, нешто што се прави по прв пат по 10-тина години од повеќе клубови во Македонија. Почнавме со работа и со женското борење, беа на подготовки во Катинци во Бугарија. За некое време треба да отпатуваат уште на едни подготовки во Стара Загора во Бугарија. Сега работиме на подготовка на Државното првенство на кое очекуваме масовност и врвна организација“, истканува Богаднов за Ipon.mk и ододава дека очекува на првенството да биде од кадети до сениори за да добие на галмурозност.

boraci podgotovki kitka

Тој вели дека опермата веќе се прави за околу 400 борачи, а конечната борјка ќе биде позната за 10-15 дена додека да заврши преригистрацијата на борачите.

„Ќе се концентрираме на работа со младите категории, а планираме да настапиме на сите европски и светски првенства од кадети до сениори. Ќе работиме и за остручување на струшниот/тренерскиот кадар, а со Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе разговараме за ангажирање на стручно лице од странство за да помогне на нашите тренери. Така што планираме да има и семинари и за тренерите и за судиите. До почетокот на државното првенство ќе одржиме семинар за судиите со врвен судија од Бугарија. На сите меѓународни натпревари ќе праќаме и судии за да се стекнат со поголемо искуство“, нагласува Дејан Богданов кој посочува дека ќе има техничка иновативност, така што модерната технологија и современите комуникцаии максимално ќе се користат во работата на Федрацијата.

Тој му се заблагодарува за досегашната работа на Љупчо Лазаревски, техничкиот секретар во ФБСМ, кој замина во пензија, а неговата замена ќе се бара на конкурс.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON