Дебито на Переира во полутешка категорија доведе до поместувања во рангирањето на УФЦ

УФЦ официјално го ажурираше своето рангирање изминатиов викенд во Солт Лејк Сити за да види некои интересни промени во рангирањето, во голема мера благодарение на дебито на Алекс Переира во полутешка категорија.

„Поатан“ победи со едногласна одлука против Јан Блахович и автоматски се искачи на на тертото место на ранг-листата во неговата нова тежинска категорија.

Како резултат на тоа, речиси сите останати беа потиснати едно место надолу, со исклучок на Доминик Рејес, кој падна на бр. 12 и Халил Рутри Јуниор, кој падна за две места на 13.

Во средна категорија сите од 3. до 15. место се искачија за една позиција бидејќи Переира го испразни третото место. Ова направи простор за Андре Муњоз, кој дебитираше во топ 15.

Најдраматичната промена во категориите дојде за Мајкл Киеза, кој падна на 15-то место, паѓајќи за три позиции благодарение на неговиот пораз од Кевин Холанд. Неговиот противник автоматски се рангираше на 12. место.

Алекс Переира се искачи за едно место во рангирањето „паунс фор паунд“, на 10. место, а Џастин Гејџи дебитираше на 13. благодарение на неговиот успех над Дастин Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО