Американскиот боксер Рајан Гарсија кон средината на април го доживеа првиот пораз во кариерата по 23 победи во низа.
Кинг Ри загуби со нокаут во седмата рунда од Џервонта Дејвис на настанот во Лас Вегас.
Џервонта со силен удар во телото го погоди Гарсија кој не можеше да го продолжи мечот.
Набргу по поразот Рајан се раздели со тренерот Џо Гусен и почна да работи со Дерик Џејмс, притоа го најави своето неизбежно враќање во рингот.
еговиот промотор Оскар де ла Хоја во средата откри кој би можел да биде следниот противник на Гарсија – легендарниот Мани Пакијао.
„Каква голема битка би била и тоа во „кечвејт“, рече Оскар де ла Хоја и продолжи:
„Рајан Гарсија е големо момче. Заедно со Роландо Ромеро, Исак Круз и Теофимо Лопез, мислам дека натпреварот против Мани Пакјао е најголемиот што можеме да го договориме. Но, треба да го прашаме Рајан. Знаеме дека не сака полесни натпревари. И тој би можел да се врати во рингот во септември или октомври“.
This isn’t happening!!
I said what I wanted…
It’s frustrating.. tired of this https://t.co/KxV042D7o8
— RYAN GARCIA (@RyanGarcia) June 1, 2023
Но, не требаше долго за одговорот на Кинг Ри.
„Тоа нема да се случи. Реков што сакав. Фрустрирачки е, уморен сум“, напиша Рајан Гарсија во објавата на својот Твитер“.
Гарсија неодамна спомна дека ќе се бори со Ромеро, Круз или Лопез.
Но, Роландо Ромеро, кој беше на врвот на неговата листа, ќе боксира против задолжителниот предизвикувач за светската титула на ВБА во суперлесна категорија.